Јовановска: Локалната власт го заборави Биљановце

03.06.2016 12:41 | KumanovoNews

„Во општина Куманово повеќето од населбите и селата и најголемиот дел од градските маала со години се заборавени од страна на локалната власт.

Јовановска: Локалната власт го заборави Биљановце

Во нив живеат десетици илјади наши сограѓани кои секојдневно газат кал, трпат штета од ракопаните улици, длабоко навлезени во 21 век се уште немаат приклучок кон водоводна и канализациона мрежа и уште многу други проблеми за кои постојано алармираме со цел нивно што поскоро решавање. Со години ништо немаме слушнато за повеќето, ниту пак градоначалнкот и локалната власт предводена од СДСМ имаат преземено мерки за решавање на нивните проблемите. Такво населено место е и Биљановце во кое се уште не се решени многу од проблемите. Биљановце како да не постои за актуелната локална власт. Жителите на Биљановце по се изгледа се заборавени, така што останаа само празните ветувања од страна на градоначалникот на последните локални избори, кога беше ветувано се и сешто, од улично осветлување, изградба на спортско игралиште па се до изградба на водоводна и канализациона мрежа. Како и на други места и во Биљановце проблемите се оставаат за во иднина која никако за жителите да донесе позитивна промена“, - рече Валентина Јовановска, советник на ВМРО-ДПМНЕ, во Советот на општината Куманово на прес-конференција во Биљановце.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk