Јовчевска-Ивановска: За една година направивме многу

30.09.2014 12:42 | KumanovoNews

Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), слави една година постоење.

Јовчевска-Ивановска: За една година направивме многу

 На првиот роденден, претседателката на општинската организација на ГРОМ Лидија Јовчевска-Ивановска, вели дека во изминатата година направиле многу, пред се во зголемување и зајакнување и на членството.

Во Куманово имаме голем број на членови и симпатизери, оформивме солно членство, но привлековме и многу неопределени граѓани кои не поддржуваат и ни се приклучат. Затоа сметам дека во наредниот период нашето членство уште ќе расте и нашата позиција ќе зацврсне. Нашата девиза е човекот и граѓанинот пред се, и во тој правец ќе работиме. Имаме повеќе конкретни планови, но прво ќе започнеме со посета на нашите членови, ќе ги анимираме и ќе им покажеме што во наредниот период можеме да направиме конкретно во овој град“, - изјави Јовчевска-Ивановска.

Таа потсети дека партијата на централно ниво е на власт и има заменик министер и директори, но се уште не познато како ќе делува локално.

И понатаму ќе работиме во интерес на граѓаните и за општо добро на сите, пред се и онака како што ни е зацртано во програмата. На локално ниво отворени сме за соработка, но не сме се определиле за страна. Во наредниот период додека не се издиференцираат работите така и ќе биде„,- додава претседателката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk