Јубилејно издание на Фото Салон

24.03.2016 15:45 | KumanovoNews

Во Уметничката галерија Куманово во петок ќе се одржи десеттиот „Фото Салон Куманово 2015“.

Јубилејно издание на Фото Салон

Станува збор за јубилејна изложба на која ќе бидат поставени 120 фотографии во четири теми слободна тема (црно-бела), слободна тема (колор), природа и живот.

Фото Кино Клуб Козјак е посебно горд на оваа јубиларна изложба, бидејќи потекнува уште од далечната 1974 година, додека од 2003 година до денеска традиционално се организира секоја година. Десеттиот јубиларен Фото-Салон е под патронат на сите светски организации ФИАП, Американската организација ПСА, азиската организација ГПУ и домашниот Фото Сојуз на Македонија и Народна техника. На конкурсот беа пријавени 400 автори од 60 земји. Два наши члена се закитија со награди, тоа се Глигор Максимовски и Милош Нешковски“, - изјави Дејан Ангеловски, претседател на ФКК Козјак.

Жири комисијата на овој салон е составена од Раша Милојевиќ, Боро Рудиќ и Борислав Миловановиќ.

Десеттиот Фото Салон ќе започне во 19:30 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk