Јубилејно издание на „Рома труба фест“

29.08.2015 08:23 | KumanovoNews

На Градскиот полоштад во Куманово во вторник во 19 часот, ќе се одржат 10-те јубилејни дувачки средби “Рома труба фест 2015“, во организација на ансамблот “Рушит Шакир“, а под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово.

Јубилејно издание на „Рома труба фест“

Гости на вечерта ќе бидат Ферус Мустафов, Анета Мицевска и групата “Молика“, Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ.

Гости од Србија се оркестар “Исидор Зечировиќ“ од Бојник и оркестар “Драган Аметовиќ“ од истиот град.

Пред кумановската публика ќе настапат македонските оркестри “Агушеви Џамбо“ од Струмица, “Уска Кан Кантуров“ од Берово и “Кемал Асанов“ од Струмица.

“Рома труба фест“ е поддржан и од Министерството за култура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk