Јустиција организира осмомартовски марш

01.03.2016 11:25 | KumanovoNews

Граѓанската организација Јустиција, Куманово организира Марш за родова рамноравност и за оддавање почит кон лицата кои го дале својот придонес за унапредување на правата на жените во Република Македонија и пошироко во светот.

Јустиција организира осмомартовски марш

Маршот ќе се организира на 08.03.2016 година, во 12 часот, на градскиот плоштад, Куманово, кај Архивот и поранешно Kино Напредок.

„Јустиција, како иницијатор повикува: жени и мажи, организации, невладини организации, граѓански сектор, граѓани, Градоначелник и членови на Совет на Општина Куманово, претставници на политички партии, медиуми од Куманово и пошироко од Република Македонија, да го дадат својот придонес со свое присуство. Со мирен марш преку градскиот плоштад до споменикот на Кумановка, на малиот плоштад да оддадеме почит кон сите оние кои го дале својот придонес кон родовата рамноправност и да изразиме незадоволство заради рамноправноста која е фиктивна и само на хартија“, - соопштуваат од  Јустиција.

Ваков марш беше одржан и минатата година и предизвика внимание и одзив кај граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk