Каде се трите нови градинки што ги вети Димитриевски, прашува Левица

01.11.2024 09:21 | KumanovoNews

Во предизборната програма од 2021 година, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вети три нови градинки, и тоа во населбите Зелен рид и Карпош, и во урбаната единица „Бајрам Шабани“, но тие до ден денес останаа само на хартија, потсетуваат од партијата Левица.

Каде се трите нови градинки што ги вети Димитриевски, прашува Левица

„Реалноста е дека сите три населби се оставени без градинки, а родителите се приморани да се снаоѓаат и да ги запишуваат своите деца во најблиската населба до нив. Во последната година од неговиот мандат, на Максим му останува да става камен темелници со цел пак да ги прелаже кумановци со празни ветувања. Еднаш му поминаа неговите празни ветувања, но трпението на кумановци е при крај. Патриотизмот почнува од решавање на проблемите со кои граѓаните се соочени, лажниот патриот на Максим е веќе прочитан, велат од партијата.

 

(Фото : Запуштен објект во поранешната касарна во населба Карпош, каде се планира да се изгради нова градинка)

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk