Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ВМРО-ДПМНЕ Куманово го обвини градоначалникот Зоран Дамјановски и локалната администрација за сообраќајниот хаос во Куманово.
Од партијата сметаат дека тоа е резултат на неработењето на градоначалникот и екипата роднини и пријатели, кои удобно се сместени во општинските фотељи.
„Во сите европски метрополи, градскиот превоз како и целата урбана опрема говори за културата и одговорноста на власта. За жал, во Куманово тоа не е случај. Граѓаните прашуваат каде се ветените проекти, проширување на булеварите, тротоарите и нова канализација. Каде се и автобуските постојки кои низ годините се провлекуваат како ветување, а реализација за нив нема. Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми во сообраќајот, како и во користење на градскиот превоз. Куманово и граѓаните заслужуваат нови постојки и нов лик на градот. Приморани се да при поголемо сонце, дожд и ветер, чекајќи го градскиот превоз кој секогаш доцни, се заслонуваат во околните продавници. Незадоволни се и корисниците и сопствениците на околните трговски локали„, - изјави Срѓан Ивановски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk