Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека ќе побара да се усвојат нови мерки за заштита од коронавирус.
Тој рече дека ќе се препорача да се откажат сите масовни јавни собири каде дистанцата помеѓу луѓето е многу мала, а воедно додаде и дека ќе предложи работното време на кафаните, рестораните и кафиќите да се скрати до 18 часот, со што ќе треба да се намали и капацитетот на присутните гости, за да има поголема дистанца помеѓу нив.
Филипче, вчера разговарал со надлежните од Северна Италија кои му рекле дека вирусот престанал да се шири на места каде што се вовеле најригорозни мерки, што ни укажува дека и нашите мерки треба да бидат порадикални.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk