Кај браќа од Куманово најдена дрога

30.10.2015 14:34 | KumanovoNews

Полицијата синоќа во домoвите на браќата Д.Б.(41) и Т.Б. (35) од Куманово пронајде дрога.

Кај браќа од Куманово најдена дрога

При извршениот претрес кај Д.Б. се пронајдени и одземени 1 грам наркотична дрога кокаин и лекови Кетопровин, додека кај Т.Б. се пронајдени околу 10 грама амфетамин. При претресот во собата на Т.Б. се затекнати лицата Б.Т.(33) и 16 годишно девојче од Куманово, а на масата имало видливи трагови од користење на наркотична дрога. Сите  се приведени во СВР Куманово каде што им е земена урина која е доставена на вештачење.

По целосно расчистување и документирање на настанот ке биде изготвена кривична пријава за сторени две дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и овозможување на употреба на наркотични дроги.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk