Кај лојанец најдена направа за мино фрлач и мигранти

26.12.2015 13:42 | KumanovoNews

Во домот и другите простории на А.Р. од село Лојане, вчера полицијата нашла нишанска направа за мино фрлач и мигранти.

Кај лојанец најдена направа за мино фрлач и мигранти

Полицијата околу 7.15 часот при претрес ја пронашла и одзела нишанската направа за мино фрлач, а во шталата на А.Р.  се најдени пет лица и тоа двајца од Авганистан, двајца од Иран и еден од Пакистан.

По расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk