Кај наплатна рампа фатени шверцери на козметика и очила

15.06.2011 14:20 | KumanovoNews

На наплатната рампа Куманово во возило со бугарски ознаки во фабричките шуплини под патосниците, помеѓу предните и задните седишта се пронајдени: 152 пудри за лице, 20 диоптерски стакла за очила, 20 рамки за очила,7 парфеми-тестери и 5 парфеми.

Кај наплатна рампа фатени шверцери на козметика и очила

Уште 20 рамки за очила биле пронајдени во десната предна врата, а во багажикот на возилото беа пронајдени 31 летна шапка и 6 женски марами.

При личен претрес кај сопатникот во џебовите од елекот и во рачна чанта биле пронајдена уште 60 диоптриски стакла, 49 рамки за очила, 9 пудри и 1 тоалетна вода-тестер. Возачот на автомобилот е македонски државјани, а сопатничката Бугарка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk