Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во три одделни случаи кај „Нато клучката“ и кај село Табановце се фатени мигранти.
А.А.(20) од Гевгелија во почетокот на декември, кај клучката за село Табановце, во 4.10 часот во неговото возило фолксваген се најдени шест илегални мигранти сириски државјани, кои за 25 евра требало да ги однесе до Табановце.
Истиот ден околу 13 часот, кај С.И. (57) од Тетово во фолксваген се најдени двајца илегални мигранти од Мароко, кои за 200 евра требал да ги превезе до Табановце.
Четири дена подоцна во 6.30 часот, кај „Нато клучката“ сопрено е возило БМВ, управувано од Г.С.(44) од Велес, и се најдени двајца илегални мигранти од Ирак.
Сторителите ќе одговараат за криумчарење мигранти.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk