Кај Табановце откриени 20 мигранти од Бангладеш, 9 малолетници

12.06.2021 13:48 | KumanovoNews

На автопатот Куманово - Табановце, кај место викано „Костурник“,  вчера во 8.10 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Љ.М.(44) од Скопје, затоа што при преглед во товарно возило „фолксваген транспортер“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 мигранти од Бангладеш, од кои 9 биле малолетни лица.

Кај Табановце откриени 20 мигранти од Бангладеш, 9 малолетници

По наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени на социјален работник од Министерството за труд и социјална политика, а Љ.М. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk