Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во три одделни случаи кај кумановци полицијата пронашла дрога.
На улица “Бајрам Шабани“ во септември годинава е затекнат Д.Ц.(24) од Куманово заедно со уште едно лице. При преглед кај второто лице е најдено гранче од канабис сатива кое го купил од Д.Ц.
Во вториот случај, во јули годинава полицијата во село Љубодраг го сопрела С.М.(25) од село Доброшане кој возел “фиат панда“ во која биле уште две лица. При преглед на возилото се најдени 0.29 грама мешавина од марихуана и тутун која планирале да ја користат.
Во друг случај, М.Б.(19) и Д.Т.(19) во април годинава се затекати како во “мерцедес“ на улица “Трета МУБ“ овозможиле на две лица од Куманово да користат мешавина од тутун и марихуана. Во возилото сопственост на Д.Т. се најдени 0.9 грама дрога која им ја дал М.Б.
Д.Ц. ќе одговара за неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурсори, а С.М. , М.Б. и Д.Т. ќе одговараат за овозможување употреба на наркотична дрога.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk