Кај уапсените кумановци најдени 800 грама експлозив

24.04.2015 12:30 | KumanovoNews

Четири пакувања со по 200 грама ТНТ експлозив, синоќа бил пронајден при претрес на три локации во Куманово, кој полицијата го изврши постапувајќи по оперативни сознанија за недозволено поседување на оружје.

Кај уапсените кумановци најдени 800 грама експлозив

Според МВР, акцијата уследила по налог на истражен судија, по што е извршен претрес на три локации во градот. При тоа се пронајдени четири пакувања од по 200 грама ТНТ експлозив, знаме на Илирида и друго. Приведени се Р.Р.(44) и Р.Ш.(38), а против Р.Р. ќе биде поднесена пријава под сомнение за сторено кривично дело „недозволено држење на оружје или  распрскувачки материи“. Истиот и порано имал кривични пријави за „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и недозволена трговија со оружје.

За сега лицето и пронајдените предмети не се поврзуваат со терористичкиот напад во Гошинце, а претресот е дел од редовните контроли на полицијата која ќе продолжи да разгледува евентуално нови докази и добивање на дополнителни информации за уапсените - изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Јанкулоска, потврдува дека две лица се уапсени, а предметите кои што се пронајдени се дадени на вештачење.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk