Кал пред Општината

28.09.2010 08:33 | KumanovoNews

 На само неколку метри од главниот влез на куќата на градот, со месеци стои раскопан тротар.

Кал пред Општината

  На тротоарот пред зградата на локалната самоуправа граѓаните газат кал. Само неколку метри од главниот влез на куќата на градот, со месеци стои раскопан тротар. Откако заврна, дупката се наполни со вода и сега неможе да се помине од расквасената земја. Пешаци и возила ја разнесуваат калта на сите страни. Покрај граѓаните и вработените во околните градски институции, грдата слика ја гледаат и гостите кои секојдневно ја посетуваат Општината.  Калта како декор пред локалната самоуправа е невидлива, изгледа само за оние кои имаат обврска да го вратат тротоарот во првобитната состојба.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk