Камења паднале од приколка на камион и оштетиле автомобил

17.04.2021 09:24 | KumanovoNews

На магистралниот пат Куманово - Старо Нагоричане оштетен е автомобил откако камења испаднале од приколка на камион кој се движел пред него. Случајот бил пријавен во Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК) во Куманово.

Камења паднале од приколка на камион и оштетиле автомобил

„На бројот 195 во текот на денот добивме една пријава од граѓанин дека додека се движел на магистралниот патен од Куманово кон Старо Нагоричане од камион на фирмата „Бетон“ паднале неколку камења и било оштетено патничкото моторно возило, но немало повредени“, соопштува ЦУК.

Случајот бил пријавен во СВР Куманово.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk