Камион прегазил деветгодишно дете

25.11.2015 13:03 | KumanovoNews

Во сообраќајна несреќа во селото Сопот вчера попладне камион прегазил дете, а друг човек е повреден.

Камион прегазил деветгодишно дете

Несреќата се случила во 17.45 часот на локалниот пат во с.Сопот, кога С.Џ.(46) од с.Арачиново-Скопје, паркирал камион „Мерцедес“ и за да натовари роба. Во еден момент возилото само тргнало и со предниот дел удрило во пешаците Х.С.(35) и деветгодишно дете, двајцата од с.Сопот. Повредените биле веднаш пренесени во Кумановската болница, каде доктор констатирал дека детето починало, додека пешакот Х.С. се здобил со телесни повреди и е пуштен на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk