Камион се заглави на наплатната станица Романовце

11.01.2023 20:58 | Оливера Пешевска

На автопатот Скопје - Куманово на патарината Романовце, синоќа околу 20 часот товарно возило удрило во наплатната кабина.

Камион се заглави на наплатната станица Романовце

„Товарно моторно возило „сканиа“ со српски национални ознаки, управувано од Р.Љ.(53) од Република Србија, удрило во метална кабина на наплатната рампа. На место на незгодата увид извршила екипа од СВР Куманово“ соопштуваат од полицијата.

Неофицијално нема повредени и направена е само помала материјална штета на надворешната лимарина на кабината и таблата на втората лента во правецот кон Куманово. Според очевидци причина за незгодата е искривена приколка на товарното возило која закачила во кабината.
 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk