Камион слетал во провалија на патот Куманово-Крива Паланка

08.02.2017 08:55 | KumanovoNews

На магистралниот пат Куманово- Крива Паланка во селото Облавце, шлепер марка Волво сопственост на кумановска фирма излетал од патот и паднал во провалија.

Камион слетал во провалија на патот Куманово-Крива Паланка

Според информацијата од Центарот за управување со криза,  несреќата се случила во 7.20 часот кога, најверојатно, поради неприлагодена брзина, возачот на камионот поради влажниот коловоз изгубил контрола на возилото и излетал од патот.

  Возачот В.К. од селото Кучкарево не е повреден.

Во моментот екипите од СВР Куманово и  Царината вршат претовар на текстилот кој го се превезувал во камионот,а ќе биде пренесен на царинскиот терминал  во  Куманово. Камионот-влекачот  сеуште  не е  изваден  од провалијата.

Сообраќајот  се  одвива  редовно и магистралниот пат  е  прооден за  сите  видови  на  моторни  возила.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk