Kамион удри во автобус

17.09.2010 15:30 | KumanovoNews

 При тоа се скрши едно од страничните стакла на автобусот. Во сообраќајката никој не е повреден, а причинета е само помала матерјална штета.

Kамион удри во автобус

 На улицата „Братство Единство„, пред музичкото училиште попладне на разминување камион удри во автобус. При тоа се скрши едно од страничните стакла на автобусот. Во сообраќајката никој не е повреден, а причинета е само помала матерјална штета.

 Денеска во центарот на градот владееше вистински сообраќаен хаос поради тоа што пред поранешен „супермакет„ на улицата „11 Октомври„ се расипа градски автобус. Тоа создаде невидеден метеж на раскрсницата и колони возила по улиците, па никој не го почитуваше семафорот. По интервенција на полицијата сообраќајот беше пренасочуван на околните улици. Сообраќајот се нормализираше дури по еден час, откако автобусот беше тргнат од раскрсницата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk