Камион удрил во кабина за пасошка контрола и повредил полицаец

16.03.2018 10:48 | KumanovoNews

Полицаец од граничниот премин Табановце завршил во болница, откако во кабината за пасошка контрола во која работел удрил камион.

Камион удрил во кабина за пасошка контрола и повредил полицаец

Несреќата се случила синоќа околу 19 часот на лента за пасошка контрола, кога товарно моторно возило, сопственост на приватна фирма од Радовиш, а управувано од К.Г. (55) од Радовиш, удрило во кровната конструкција од кабината од пасошката контрола и целосно ја оштетило.

Притоа, од искршените стакла со повреди на левата рака се здобил полициски службеник кој работел на пасошка контрола во кабината.

Тој бил пренесен во Општа болница Куманово,  каде му била  укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk