Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Велосипедист се здобил со сериозни повреди откако бил удрен од камион на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Ливаде“.
Сообраќајката се случила вчера околу 15 часот, кога товарно возило - влекач „ман“ со полуприколка, со албански национални ознаки, управувано од Т.Д.(35) од Р.Албанија удрило во велосипед, управуван од С.Т.(51) од с. Младо Нагоричане.
Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk