Кампања за зголемување на бројот на згрижувачки семејства

28.08.2014 10:01 | KumanovoNews

 Само седум згрижувачки семејства има во Куманово, но целта е во иднина оваа бројка да се зголеми

Кампања за зголемување на бројот на згрижувачки семејства

Министерството за труд и социјална политика започна кампања под мотото “На секое дете му е потребно семејство“ за да ги мотивира граѓаните да згрижуваат деца без родители, деца со пречки во развојот, деца на улица, деца со асоцијално однесување и стари лица. Во Куманово само седум семејства пројавиле интерес за згрижување на деца и таа бројка е многу мала во однос на бројот на семејствата во општината.

“Бројката е мала, но ние сме задоволни, бидејќи квалитетот на згрижувачки семејства е на високо ниво. Моментално немаме албанско згрижувачко семејство. Згрижувач може да биде полнолетно лице од 18 до 65 години, да има материјални, станбени услови и да исполнува и морални критериуми, затоа што таму ние згрижуваме дете. Ако се згрижи дете со асоцијално поведение тоа може да биде само едно, а за деца без родители можат и повеќе да бидат згрижени во едно семејство“ - вели Наџије Мустафа, координатор на проект за згрижувачки семејства во Куманово.

Зависно од возраста на детето и во која категорија спаѓа, месечно згрижувачкото семејство може од државата да добива и до 13000 денари.

Сите заинтересирани за згрижување на дете можат да се обратат во Центар за социјални работи Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk