Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Зелената агенда претставува императив во нашата прогарама „Најдоброто за Куманово„. Наша цел, е за 4 години да имаме чист и зелен град. За остварување на оваа цел го предлагаме проектот „Мој еколог“, со кој проект предвидуваме уредување на секој слободен квадрат, кажа на денешната прес конференција, Тања Јакимовска кандидат за члена на Совет од СДСМ.
Таа вели дека со новиот проект ќе се напушти старото кампањско оддржување на животната средина, а ќе се воведе нов начин на работа со менаџмент по квартови, односно со ангажирање на соодветен број на еколози кои ќе се грижат за секојдневното и континуирано чистење и одржување на зелените површини.
„Реализацијата на проект ќе се одвива во 5 етапи: определување по 5 населби секоја година каде ќе се реализира, исцртување на секоја населба, секој влез пред зграда, тротоар и слободен простор од страна на еколози и архитекти, поделба на секоја населба на квартови, уредување на секој слободен квадрат во квартовите, вработување на соодветен број на еколози, во зависност од големината на населбата, кои ќе се грижат за чистење и оддржување на зелените површини. Дополнително, за секој квадрат нов бетон, предвидуваме двојно повеќе зеленило“, вели Јакимовска.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk