Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Канцеларија за социјални услуги и бесплатна правна помош наскоро ќе започне со работа во општината Куманово.
Проектот го релизира локалната самоуправа со германско друштво за интерационална соработка - ГИЗ, а има за цел да помогне на социјално ранливите категории граѓани.
„Во канцеларија ќе работи еден правик и социјален работник така што граѓаните ќе можат на едно место да се запознаат со своите социјални права. Социјалните работници со претставници од секторот за труд и социјала и на терен ќе ги согледаат проблемите на ранливите категории, и ќе ги понудат потребната социјалан услуга,- изјави Валентина Алексовска, секретар на општина Куманово.
Во првата година проектот ќе биде финансиран со 66 проценти од германското друштво и 33 отсто од општинскиот буџет. Локалната самоуправа ги обезбеди просториите во зградата на Катастар. Канцеларијата ќе биде отворена во јуни месец, а проектот ќе трае две години.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk