Канцеларијата на Народниот правобранител отворена за граѓаните

29.10.2017 08:28 | KumanovoNews

Kанцеларијата на Народниот правобранител во Куманово, денеска ќе биде отворена од 7 до 19 часот, со цел да помогне во остварувањето и заштитата на правата на граѓаните, на денот на одржувањето на вториот круг од локалните избори во општините Липково и Старо Нагоричане.

Канцеларијата на Народниот правобранител отворена за граѓаните

Освен лично во канцелариите, граѓаните изборните нерегуларности ќе може да ги пријават и на  телефонскиот број во Куманово: 031 431-488.

Канцеларијата на Народниот правобранител се наоѓа во просториите на Македонски пошти, во центарот на Куманово.

 Денеска ќе работат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk