Кандидатите за градоначалник го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

24.09.2017 11:10 | KumanovoNews

Кандидатите за градоначалник на општина Куманово, денеска го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

Кандидатите за градоначалник го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Максим Димитриевски од СДСМ,  Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Бесник Мемемти од ДПА, Дритон Сулејмани од БЕСА и Башким Османи од Алијанса на Албанците, се обврзаа дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовираат принципите на слободни и фер локални избори.

Церемонијата се одржа во големата сала на Општина Кумано а ја организираше Општинската изборна комисија (ОИК) Куманово.

 „Со овој Кодекс учесниците на Локалните избори се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани на Република Македонија, дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовираат принципите на слободни и фер избори. Учесниците во изборите со потпишувањето на Кодексот јасно изразуваат волја да го почитуваат избирачкото право кое е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање. Со почитување на Кодексот заедно ќе придонесеме за спроведување на фер избори, според највисоките меѓународни стандарди, - го прочита текстот пред присутните Ѕвонко Николовски, претседател на ОИК Куманово.

По потпишување на Кодексот, кандидатите си честитаа меѓусебно и си посакаа среќа на престојните локални избори.

 Во исто време, денеска напладне Кодексот го потпишаа кандидатите за градоначалници во 80 општини и градот Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk