Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатите за пратеници од ГРОМ во изборната единица два синоќа се претставија пред граѓаните во населбата Карпош.
Носителот на листата Виктор Цветковски, пред присутните зборуваше за програмата на неговата партија и најави дека зaедно со останатите кандидати Александра Георгиевска, Лидија Јовчевска, Сања Трифуновска и Марија Цакиќ, ќе го посетат секој дом во населбата, се со цел да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат.
Граѓанската опција и коалицијата ГРОМ можат да се пофалат со носител на листа во изборна единица што се случува за првпат во историјата на плурализмот во Куманово. Нас не радува што граѓаните гледаат позитивно на тоа што имаат можност да гласаат за свој сограѓанин носител на листата. Принципот на дескопјанизација е дел од нашата програма и тоа го спроведуваме на дело. При денешните средби со граѓаните заклучивме дека постои големо разочарување и апатија од досегашните политички структури. Ние како граѓанска опција имаме обврска да понудиме нови решенија и тоа граѓаните го препознаваат. Недозволено е во државата граѓаните да не можат да кренат глава од извршетели, нотари и казни. Вечерва дознавме дека во оваа населба за небаждарена вага платена е казна од 3000 евра и дуќанот е затворен 30 дена. Затоа ние од ГРОМ ветуваме дека како дел од Владата и Парламентот ќе ги намалиме казните за 80 посто- рече Цветковски во своето обраќање.
Тој ги повика граѓаните на Куманово да го дадат својот глас за ГРОМ, на 13 април за кандидатот за претседател Зоран Поповски под бројот 4 и на 27 април за пратеничката листа број 8.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk