Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Комплексот базени во Куманово ќе биде пуштен во употреба до средината на јули.
Ова го тврди градоначалникот Зоран Дамјановски, откако пропадна првиот рок, базенот да проработи од 25 мај до 5 јуни.
Затворениот базен е готов, извршена е технича проверка и се функционира. Но ние сакаме да го споиме пуштањето во употреба на двата базени и затоа ќе чекаме да се заврши изградбата на отворениот базен. Пуштањето во употреба ќе биде од 10 до 15 јули, според најоптимистичките прогнози. До тогаш ќе имаме и партерно уредување на комплексот. Тогаш ќе организираме големо свечено пуштање, - рече Дамјановски.
Дел од сегашниот паркинг просторот ќе се преуреди во парк со фонтани, скулптури, анфитеатар, а ќе се поврзе со тениските игралишта.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk