Караванот „Купи куќа, купи стан“ утре во Куманово

13.10.2015 13:32 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре во 17 часот, караванот на Министерството за финансии “Купи куќа, купи стан“ ќе го посети Куманово.

Караванот „Купи куќа, купи стан“ утре во Куманово

Претставници од Министерството за финансии ќе им објаснат на кумановци колкави субвенции нуди проектот, кои услови треба да се исполнат за да се аплицира и како да се поднесе барање за користење на финансиски средства. На презентацијата ќе бидат присутни и градежни компании кои ќе ја претстават локалната понуда на станови. Караванот „Купи куќа, купи стан“ секоја среда престојува во градовите низ државата, со цел да го доближи проектот до граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk