Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Караванот на наградната игра “Фискална во рака - награда без мака“ на Државна лотарија денеска беше во Куманово.
Над 500 граѓани ги посетија просториите на лотарија спроти Фондот за здравство и оставија пликоа за наградната игра.
- Пуштив 13 пликоа и се надевам да добиеме нешто, ако имаме среќа. Не се откажуваме, ќе играме и понатаму. Пликоата се на мое и на име на внуците. Секаде каде пазарувам барам фискална. Играм од почеток, но сега пратив најмногу пликоа - вели Дарка Китановска, граѓанин.
Граѓаните велат дека откако стартуваше наградната игра сите членови од семејството се трудат да соберат што повеќе фискални сметки.
- Во кујна имаме фиока посебно за фискални сметки. Собирам јас, сопругот, синот. Сакам да ми се падне ваучер за бела техника бидејќи тоа ми фали. Досега праќав по 3 - 4 пликоа, а сега пуштив 10. Во претходните кола немавме среќа, но се надеваме понатаму барем еден ваучер ако не повеќе да земеме - рече Јулијана Костадиновска, граѓанин.
На извлекувањето на 30 јуни ќе се додели стан, дуќан и други вредни награди. Караванот на “Фискална во рака - награда без мака“ денеска беше во посета и на Крива Паланка и Кратово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk