Караванот на “Три“ во Куманово

30.06.2015 12:02 | KumanovoNews

Караванот на издавачката куќа “Три“ од Скопје, до сабота ќе биде пред Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Караванот на “Три“ во Куманово

Се нудат книги од домашни и странски автори со попусти и до 70 отсто. Од “Три“ велат дека се задоволни од интересот и дека кумановци сакаат да купуваат книги.

“Секој што е заинтересиран од 9 до 20 часот може да не најде тука. Има романи, има мотивациони книги, духовни книги за духовно будење од домашни и странски автори. Јас лично сум изненадена од интересот што го покажаа граѓаните на Куманово“- вели Дајана Стојадиновска, од “Три“.

На штандот имаше книги за сечиј вкус. Купувачите беа заинтересирани за поновите изданија.

“Земам се што е најново. Коелјо, Џозеф Марфи, тие се уште пред 15-20 години прочитани, а сега има и нови писатели македонски. Повеќе сум за книги за самопомош, психологија. Не знам колку пати сум купила книги и ги подарувам на луѓето“ - рече Розита Трендафиловска, читател.

Караванот на “Три“ ќе посети неколку градови во Македонија, каде на читателите ќе им понуди голем избор на квалитетна литература.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk