Караванот за вакцинација денеска во Куманово, утре во Липково

27.03.2022 07:35 | Сузана Николиќ

На градскиот плоштадот во Куманово денеска продолжуваат активностите од караванот за промоција на вакцинацијата против ковид, во организација на Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.

Караванот за вакцинација денеска во Куманово, утре во Липково

Карванот на Министерството за здравство утре е во Липково, на паркинг во село Матејче.

За време на овие настани, граѓаните ќе можат да се информираат и да се вакцинираат против ковид-19.

Караванот за вакцинација против ковид-19 започна од понеделник (21 март), а ќе опфати 14 локални заедници низ државата.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk