Карпошова вечер организираат армиските и полициски ветерани

05.02.2013 09:21 | KumanovoNews

 Во клубот на резервни старешини “Христијан Карпош“ во чест на истоимениот херој, утре во 18 часот ќе се одржи Карпошова вечер.

Карпошова вечер организираат армиските и полициски ветерани

По тој повод се организира културно - забавна програма на Здружение на армиски и полициски ветерани и Здружение на пензионери.

Во четврток  Сојузот на борци организира посета на куќата на херојот Карпош. Христијан Тодоровски - Карпош е роден на 3 септември 1921 во Куманово, загинал на 7 февруари 1944 Биљача, прешевско.

Како студент бил член на СКОЈ уште од 1940 година. Поради неговите прогресивни идеи и неговото искрено искажување за Македонското прашање и комунистичките идеали, бил избркан од средното училиште и не му било допуштено да се запише во било кое друго средно училиште во тогашното Кралство Југославија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk