Касапите го слават Архангел Михаил

21.11.2015 14:17 | KumanovoNews

Празникот Свети Архангел Михаил се слави како ден на касапите.

Касапите го слават Архангел Михаил

За нив овој ден е неработен. Прво одат во црква, а потоа на прослава. Објаснуваат дека нивната работа е тешка и младите не сакаат да се занимаваат со оваа професија.

“На овој ден нож во рака не се држи. Работата е доста сериозна и доста напорна. Младите овој занает не го избираат, затоа што е тешко, се работи во тешки услови, во ладни простории. Месото секогаш е во комори и затоа овој занает го избегнуваат. Јас веќе 14 години сум касап“- вели Виктор Бајдевски, касап од БДА кланица.

Веско Бајдевски како стар касап вели дека порано празникот се славел со трубачи во ресторан. Касапници имало во денешниот Касапски круг, а касапите славеле заедно кај Тумбата.

“Да упатам една благодарност од страна на вработените во кланица БДА компани и од “Екстра меин“ во чест на нашите организатори, кои секоја години несебично ја организираат оваа прослава во име на овој голем празник Свети Архангел Михаил, а воедно би ја честитала славата на сите кои што го слават овој голем празник“-рече Даниела Ѓурковска од кланица БДА.

Денот на касапите се одбележува во градовите ширум Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk