Кашикара фрлена пред фирма во Куманово

28.11.2010 15:51 | KumanovoNews

Непознати лица синоќа фрлиле рачна бомба пред приватната фирма „Ритрон“ на улицата Индустриска во Куманово. Кашикарата експлодирала пред врата на објектот и предизвикала само матерјална штета.

Кашикара фрлена пред фирма во Куманово

Во 20.15 минути на бомбашкиот напад му предходеле неколку истрели од огнено оружје. Приватната фирма за продажба на копир апарати му припаѓа на А.А.(20) од Ваксинце, кој апаратите ги набавувал од Швајцарија.

Според кажувањата на стражарите во соседните фирми, бомбата била фрлена од автомобило во движење, кој заминал кон Липково. Мотивите за нападот не се познати.

Експлозијата беше многу силна и ние излеговме да видиме што се случи. Тогаш го видовме автомобилот, најверојатно голф петка, кој се изгуби во темнината и не можевме да ја видиме бојата и регистерскиот број. Се исплашивме, но среќа што бевме внатре, па никој од нас не е повреден. Често знаеме да се собереме и да стоиме токму пред овој објект, кажуваат чуварите. 

Оштетувања од шрапнелите има на ѕидовите и плочникот. Од лице место се  подигнати примероци од експлозивната направа, кои ќе бидат доставени на вештачење. СВР-Куманово превзема мерки за пронаоѓање на сторителот и утврдување на мотивите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk