Катната гаража посериозна капитална инвестиција во мандатот на Димитриевски

15.03.2019 09:03 | KumanovoNews

Монтажната катна гаража, речното корито на Липковска и асфалтирање на неколку улици, се капиталните инвестиции што ги реализирал градоначалникот во својот речиси едноиполгодишен мандат.

Катната гаража посериозна капитална инвестиција во мандатот на Димитриевски

Овие проекти ги наброја Димитриевски, откако советничката Марија Цакиќ побара да наведе барем еден капитален објект којшто го реализирал во неговиот мандат.

„Изградбата на речното корито на реката Липковка, сеуште не е завршена втората фаза, подоцна ќе се вратиме на првата фаза, и во меѓувреме бараме средства - донација за реализација на третата фаза од речното корито. Да не зборувам за капитални улица како што е улица 100 во населбата „Рајкова куќа“ или во моментов три улици што се реализираат на локација зад Монопол, тоа се „4 Јули“, „Страшко Арсов“ и „Србо Томовиќ“. Исто така оваа катна гаража, за која како советничка група упативте големи критики, една е од посериозните капитални инвестиции во рамки на финансиските можности“, - изјави  Максим Димитриевски.

 Монтажната катната гаража чини 250 илјади евра, а ќе има околу 80 паркинг места. Градоначалникот смета дека таа ќе се исплати за 3,5 години.  Во состав на гаражата ќе има и градски тоалет, а ќе биде украсена со зеленило за да се намали загадувањето на воздухот во централното градско подрачје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk