Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Делегација од СОС Детско село-интернационал, предводена од претседателот Сидатра Каул, денеска го посетиа транзитниот центар Табановце, за да се запознаат со состојбата на децата-бегалци.
Тие предходните денови направиле обиколка и на останатите кампови со деца во Македонија, Србија и Грција.
„ Ситуацијата не е добра. Оној кој што треба да живее во неизвесност и ограничен простор секако дека не може да му биде добро. Ние работиме со деца од кризни подрачја, деца бегалци од нашето основање на нашето село. Се обидуваме малку да ја подобриме нивната ситуација за да се чувствуваат барем малку како дома, но не лесно да гледате во какви услови живеат. Во изминативе два месеци рутата се затвори, и тие се заглавени на едно место и немаме реално решение за тоа што ќе се случи понатаму“, - изјави Каул.
Тој најави дека ќе продолжи подршката на децата и младите во камповите, независно дали се од Македонија, Србија, Грција, Турција, Австрија, Германија.
На прашањето каде е најлоша состојбата во камповите во регионот, високиот претставни одговори: „Ако мене ме прашуваме никој не смее и не треба да живее во камп за бегалци. Може да биде удобно колку и да сакате, но тоа никогаш не е како дома“.
Јулијана Гапо, национален директор на СОС Детско село Македонија, потсети дека тие уште на почетокот се вклучиле да помогнат на децата во камповите. Високата делегација била пријатно изненадена од условите во македонските кампови.
„Мислам дека беа импресионирани за тоа колку се вложило во овој период и колку се има направено. Секако е дека неблагодарно да се споредува овие животни услови со оние вистински услови на кој било од нас или пак на секое она дете што го заслужува. Мислам дека ние како земја,спак правиме сето она што можеме,сите невалдини организации, ЦУК“, - рече Гапо.
За потребите на децата во кампот ќе се гради нова инфраструктура, пред се спортски терени со детска урбана опрема.
„Вчера на седница на главниот штаб донесовме одлука за најмалите да направиме дополнителни напори со 350 до 400 метри квадратни бекатониран, тампонизиран простор заграден со содржини за детски игри, детско катче со лизгалки, со клацкалки итн.Со сето она што претставува радост за децата, колку толку да им овозможиме да ја почувствуваат среќата како што ја чувствуваат другите деца во светот. Правиме напорио да направиме едно мало игралиште и за адолесцентите за да ги реанимираме во просторот, да им овозможиме и тие да се чувтвуваат слободно“, - рече менаџерот на транзитниот центар Табановце, Горан Стојковски.
Во транзитниот центар Табановце има 923 мигранти, кои повеќе од два месеци се во кампот и не се знае кога ќе си заминат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk