Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На вчерашната владина седница беа донесени протоколите за отворање и нормализирана работа на казината.
Министерот Венко Филипче во најавата прецизираше дека нивното функционирање во услови на пандемија, ќе биде според сите протоколи и нивните строги правила. Теретаните и фитнес центрите пак, се очекува да започнат со работа до крајот на неделата.
Денеска треба да се разговара за целосно отворање на границите, без сегашните услови. Тоа значи дека протокот на граѓаните нема да вклучува негативен ПЦР тест со самоизолација или државен карантин.
„Моменталната ситуација со епидемијата е во главна фаза. Состојбата е иста кај сите држави во регионот и бележи пораст на позитивните случаи. Ќе мора да се навикнеме со тој факт и да живееме со вирусот. Првенствено да внимаваме на личната заштита, затоа што ова можеби ќе трае дури и наредната година“, кажа Филипче.
Министерот најави дека одлуката ќе биде координирана и ќе се разговара со сите соседни земји.
(Д.Д)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk