Казнет пратеник - зборувал на телефон додека возел од Куманово кон Скопје

18.01.2021 12:56 | KumanovoNews

  Пратеник е казнет затоа што не ги почитувал сообраќајните правила и зборувал на мобилен телефон додека возел на патот Куманово-Скопје.

Казнет пратеник - зборувал на телефон додека возел од Куманово кон Скопје

„Полициски службеници од СВР Скопје денеска му врачија платен налог на пратеникот М.К., кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово-Скопје“, - соопштува МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта во државата.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk