Казнети 105 возачи за брзо возење на територија на СВР Куманово

27.02.2023 07:53 | Оливера Пешевска

На територијата на СВР Куманово вчера е спроведена eзасилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се санкционирани  105 возачи. 

Казнети 105 возачи за брзо возење на територија на СВР Куманово

„Од нив 89 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“ соопшти СВР Куманово. 

Засилените акциски сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови. Полицијата апелира до граѓаните и возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk