Казнети 114 возачи за пребрзо возење во кумановско

15.08.2022 08:53 | Сузана Николиќ

Вчера во период од 14 до 20 часот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.

Казнети 114 возачи за пребрзо возење во кумановско

На територијата на СВР Куманово санкционирани се 114 возачи. Од нив, 104 санкции се изречени на територија на Куманово, 8 санкции на територија на Кратово и 2 на територијата на Крива Паланка.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштува МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk