Казнети 118 возачи изминатиот викенд во Куманово

26.02.2024 13:37 | Теодора Стоевска

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи. Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 118 возачи.

Казнети 118 возачи изминатиот викенд во Куманово

„Од нив, 85 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 20 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 11 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирани возила. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk