Казнети 130 возачи - 94 возеле пребрзо, 17 пијани

12.12.2022 13:41 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од СВР Куманово во текот на изминатиот викенд, спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.

Казнети 130 возачи - 94 возеле пребрзо, 17 пијани

Притоа на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се вкупно 130 возачи од кои 94 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 17 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 10 за управување возило без возачка дозвола, 7 за нерегистрирано возило.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштува МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk