Казнети 143 возачи за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес

20.06.2022 08:30 | Сузана Николиќ

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера казни 143 возачи на автопатот Куманово - Скопје - Велес, бидејќи се движеле со брзина поголема од дозволената.

Казнети 143 возачи за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес

Од нив, 36 возачи возеле повеќе од 50 километри на час од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. 

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштува МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk