Казнети 155 возачи, 115 за брзо возење

07.12.2023 15:31 | Сузана Николиќ

Во текот на изминатата недела, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 155 возачи.

Казнети 155 возачи, 115 за брзо возење

„Од нив, 115 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 9 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без возачка дозвола, 7 за нерегистрирани возила и 10 за не носење зимска опрема. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштува МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk