Казнети 156 возачи изминатиот викенд во Куманово

19.02.2024 11:09 | KumanovoNews

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 156 возачи.

Казнети 156 возачи изминатиот викенд во Куманово

„Од нив, 101 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 28 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 24 за управување возило без возачка дозвола и 3 за нерегистрирани возила. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, објави Кумановската полиција.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk