Казнети 167 возачи - возеле брзо, пијани и без дозвола

03.10.2022 14:15 | Сузана Николиќ

Во полициска контрола за викенд санкционирани се 167 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи на подрачјето на СВР Куманово.

Казнети 167 возачи - возеле брзо, пијани и без дозвола

„Од вкупно 167 возачи,  108 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 21 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 15 за управување возило без возачка дозвола и 23 останати видови прекршоци“, соопштува СВР Куманово.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, па се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk