Казнети 18 возачи за брзо возење - петмина фатени на „радар“

14.12.2021 12:43 | Сузана Николиќ

 Осумнаесет возачи од Куманово ќе платат казна, заради тоа што направиле сообраќаен прекшрок и возеле со поголема брзина од дозволената.

Казнети 18 возачи за брзо возење - петмина фатени на „радар“

Вчера на територија на општина Куманово била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.

„Притоа, санкционирани се 18 возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина, од кои 5 биле откриени со т.н. „ноќен радар“. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови“, соопштува МВР. 

Тие апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и да придонесат за посигурни патишта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk